Најмалку седум загинати при потонување на брод со мигранти во Грција

Архивска фотографија- Грција е една од главните рути кон Европската унија на мигрантите и бегалците од Африка и Блискиот Исток

Најмалку седум луѓе загинаа при потонувањето на брод со мигранти во близина на помал грчки остров денеска, а 90 луѓе се спасени, соопштија грчките власти. Ова е втора смртоносна несреќа во која загинуваат мигранти во последниве два дена.Властите соопштија дека потрагата по преживеани продолжува.

Грција е една од главните рути кон Европската унија на мигрантите и бегалците од Африка и Блискиот Исток. Претходно неделава, најмалку три лица загинаа кога брод со мигранти потона во близина на грчкиот остров Фолегандрос. Дванаесет луѓе беа спасени, но најмалку 17 други беа пријавени за исчезнати.

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации УНХЦР проценува дека од јануари до ноември годинава повеќе од 2.500 луѓе загинале или исчезнале во море во обид да стигнат до Европа.