Во Виена продолжуваат разговорите за иранскиот нуклеарен договор

Иранската делегација на нуклеарните преговори во Женева

Претставниците на Иран и светските сили кои се обидуваат да го спасат нуклеарниот договор од 2015 година ќе ги продолжат преговорите во Виена в понеделник, соопшти Европската унија. Разговорите, со кои претседаваше претставникот на ЕУ, Енрике Мора, беа прекинати пред речиси една недела по рундата обележана со тензии поради новите барања на Техеран. Во разговорите во кои учествуваа претставници на Британија, Франција, Германија, Кина, Русија и Иран беа суспендирани за да му се овозможи на главниот ирански преговарач да се врати дома на консултации.

Повторно одложување на разговорите за нуклеарната програма на Иран

САД индиректно учествуваа во преговорите, бидејќи се повлекоа од договорот во 2018 година за време на администрацијата на Доналд Трамп. Актуелниот американски претседател Џозеф Бајден изрази желба повторно да му се приклучи на договорот. Договорот требаше да ја ограничи иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите. По одлуката на САД да се повлече од договорот и повторно да ги воведе санкциите кон Иран, Техеран ја интензивираше својата нуклеарна програма со збогатување ураниум многу над нивото предвидено со договорот.

МААЕ: Не можеме да покажеме јасна слика за иранската нуклеарна програма

Иран, исто така, го ограничи пристапот до нуклеарните постројки на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Дипломатите од трите вклучени европски земји изразија фрустрација од новите барања на Техеран откако разговорите беа прекинати минатата недела, но забележаа „извесен технички напредок“.