Саливан предупредува на бавно темпо на преговорите со Иран

Џејк Саливан

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан предупреди дека сегашните дипломатски напори насочени кон заживување на нуклеарниот договор со Итан од 2015 година би можеле да бидат исцрпени за неколку недели.

Обраќајќи им се на новинарите за време на посетата на Израел, Саливан рече дека Вашингтон и неговите партнери разговараат за временската рамка за дипломатијата во нуклеарните преговори со Иран.

„Јавно нема да зборуваме за датуми, но можам да кажам дека зад затворени врати зборуваме за временски рамки, а тие не се долги,се работи за недели, рече Саливан“.

Неговите коментари доаѓаат откако преговарачите известуваат дека договорот од Виена, чија цел е спасување на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили е бавен бидејќи Соединетите Држави изразија загриженост дека времето потребно за Иран да развие нуклеарно оружје станува „неприфатливо кратко“. Техеран негира дека има намера да развие нуклеарно оружје.

Последната рунда преговори во Виена беше завршена во Виена на 17 декември и треба повторно да започне следната недела. Во 2018 година, тогашниот претседател Доналд Трамп ги повлече Соединетите Држави од договорот од 2015 година, кој требаше да ги ограничи иранските нуклеарни активности во замена за олеснување на санкциите, што го натера Техеран да продолжи со многу од своите нуклеарни активности.

Претседателот Џо Бајден рече дека е подготвен повторно да се приклучи на договорот доколку Иран се врати на целосно прифаќање на условите.