Годишна прес конференција на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи годишна прес конференција

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи рдовната годишна прес конференција која доаѓа во време на интензивни тензии меѓу Москва и Западот, при што Русија акумулира сили во близина на нејзината граница со Украина и бара на „безбедносни гаранции“ кои ќе го блокираат проширувањето на НАТО и драстично ограничување на активноста на алијансата низ поранешниот Советски Сојуз и Источна Европа.

Зошто односите меѓу Москва и НАТО се тензични?

Путин одржува ваква прес-конференцијата секоја година откако тој стана претседател во 2001 година. Од 2004 година, секоја прес-конференција трае најмалку три часа, а најдолгата беше во минатата година со четири и пол часа. Иако новинари се поканети од Кремљ, размената со претседателот ќе биде строго контролирана. Сепак некои теми ќе биде тешко за Путин целосно да ги избегне. Тука, пред сѐ станува збор за Украина, европската безбедност, справувањето со ковид-19, како и неговата политичка иднина.