Починати 8 луѓе и нови 320 заразени со ковид-19

Во изминативе 24 часа регистрирани се нови 320 случаи на заразени со ковид-19 од направени 3.366 тестирања. Најголем дел од новозаразените се евиденирани во Скопје 165, потоа во Прилеп – 26 и Охрид –18.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 8 починати лица од кои најмладиот починат пациент е од Кавадарци и имал 29 години. Останатите починати пациенти биле на возраст од 56 до 80 годишна возраст. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 14-19.12.2021 година. Починатите лица се на возраст од 42г до 85г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 4 лица се починати во домашни услови.

Филипче- Нема дополнителни рестриктивни мерки за новогодишните празници

Според епидемиолошки анализи во моментов најголем број на активни случаи на заразени со ковид-19 се евидентирани во Скопје вкупно 2571 случаи. Следен на листата на градови со најмногу активни случаи на заболени со коронавирусот е Битола со активни 384 случаи, па Прилеп со 377 активни случаи. Без ниту еден активно заразен со ковид -19 е Демир Капија. Градови со најмал број на активни случаи се Дебар и Пехчево со по еден активен случај на ковид-19 и Дојран со вкупно 2.

Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273.