ММФ со заем од 400 милиони долари за Молдавија

Логото на ММФ

Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри програма за заем од 400 милиони долари со цел да и помогне на Молдавија да се опорави од пандемијата на коронавирус.

Речиси 80 милиони американски долари ќе бидат ослободени веднаш според програмата што ќе трае 40 месеци, се вели во соопштението на ММФ на 21 декември.

„Молдавските власти постигнаа пофален напредок во рехабилитацијата на банкарскиот сектор и зајакнувањето на макрофинансиската стабилност“, рече заменик-управниот директор на ММФ, Кенџи Окамура.

Сепак, според него, пандемијата на Ковид-19, сушата во 2020 година и тековниот пораст на глобалните цени на енергијата ја забавија економската активност, ги интензивираа надолните ризици и го комплицираа креирањето политики. Молдавија е една од најсиромашните земји во Европа.