Косовската полиција денеска уапси десет лица во акција во општината Штрпце. Тие се сомничат дека извршиле кривични дела земање поткуп, давање поткуп и злоупотреба на службената положба, јави дописникот на МИА од Приштина.
Меѓу уапсените е и поранешниот градоначалник на Штрпце, Братислав Николиќ, објавија официјални извори.
Цел на акцијата, изведена по налог на Основното јавно обвинителство во Урошевац, е расветлување на кривични дела во врска со нелегални градби во Брезовица на Шар Планина.
Покрај Николиќ, уапсени се и директорот на Управата за урбанизам и други општински службеници, како и сопственици на неколку претпријатија.