Нови 335 случаи на ковид, починати 8 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 515 пациенти, а починале 8 лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 72г и 74г) и по едно починато лице од Битола (55г), Крушево (68г), Куманово (61г), Прилеп (75г) и Охрид (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 26.11-16.12.2021 година. Починатите лица се од Кочани (1), Куманово (1), Скопје (1), Берово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 66г до 87г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.