Намалување од осум отсто на бројот на новозаразени од ковид-19 имало минатата седмица во споредба со претходната, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за состојбата со коронавирусот во земјава.
Во периодот од 13 до 19 декември од ковид-19 заболеле 1.922 лица. Тестирани се 19.943 лица, за 8,1 отсто повеќе од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 6,9 до 12,4 отсто, а просечно 9,6.
Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани е намалување на заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (22,8 проценти). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,5 проценти).
ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции. Заклучно со 19 декември вкупно се пријавени 1.013 реинфекции, што е 0,46 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 221.411 лица.
Пријавени се 66 смртни случаи.
Активни на ковид-19 се 5.376 лица лица, хоспитализирани се 347 што е за 18,7 проценти помалку од претходната недела, од кои 243 се на кислородна поддршка и 12 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Минатата седмица се евидентирани и 1.963 оздравени лица.