Светскиот економски форум во Давос одложен поради омикрон

Планираниот собир на Светскиот економски форум во швајцарското планинско одморалиште Давос е одложен поради зголемените случаи на омикрон, новата варијанта на Ковид-19.

„Годишниот состанок требаше да се одржи во Давос-Клостерс, Швајцарија помеѓу 17 и 21 јануари 2022 година. Сега е планиран за почетокот на летото“, се вели во соопштението на организаторите.

Наместо тоа, според соопштението, учесниците ќе се приклучат на серија на сесии кои ќе се одржат онлајн за да се фокусираат на пронаоѓање на решенија за најитните предизвици во светот.

„И покрај строгите здравствени протоколи на состанокот, преносливоста на омикрон и неговото влијание врз патувањето и мобилноста го направија неопходното одложување“, велат организаторите.

Последниот собир на форумот во Давос беше во јануари минатата година 2020 година, непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирусот во Западна Европа. Годинава форумот се одржа онлајн.