Премиерот на Израел ги повика родителите да ги вакцинираат децата

Израелскиот премиер Бенет смета дека е клучно децата да се имунизираат.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги повика родителите да ги вакцинираат своите деца, поради ширењето на новиот сој омикрон, а властите се подготвуваат да ја продолжат забраната за патување. Во телевизиското обраќање во ударен термин, Бенет рече дека бројот на нови инфекции со новиот сој е релативно мал, делумно благодарение на претходните мерки за забрана на влезот на повеќето странци во земјата, но предупреди дека е само прашање на време кога тие ќе почнат да растат. Според Бенет, петтиот бран на пандемијата започна и смета дека е клучно децата да се имунизираат.

Вакцини за деца над 5 години, педијатрите чекаат насоки - родителите збунети

СЗО – Омикрон сојот на коронавирусот се шири со невидено темпо

Израел понуди вакцини за помалите деца на возраст од пет до 12 години во ноември, но стапката на вакцинација во таа возрасна група е разочарувачки ниска. „Детската вакцина е безбедна и тоа е одговорност на родителите. Родител кој бил трипати вакциниран треба да ги заштити и своите деца. Не оставајте ги вашите деца изложени и чувствителни на омикрон“, рече тој. Пред да стане премиер во јуни, Бенет остро го критикуваше својот претходник Бенјамин Нетанјаху; поради мерките за затворање кои силно ја погодија економијата.