Алијанса за Албанците предлага експертска влада за распишување избори

Алијансата за Албанците повика да се формира експертска влада која би распишала предвремени парламентарни избори. Пратеникот од оваа партија Елми Азири денеска на прес-конференција оцени дека државата лошо се менаџира од страна на СДСМ и ДУИ, па затоа ги повика пратениците кои уште ја разгледуваат можноста кон спојување со „бродот што тоне“, да размислат мудро и да се повлечат од таквите авантури.

Азири од Алијанса за Албанците исто така го поддржа предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Африм Гаши да биде новиот мандатар.

Тој повика на рушење на актуелната Влада, и предвремени парламентарни избори, бидејќи како што рече, Европскиот совет повторно не даде зелено светло за отворање на проговорите за членството на С. Македонија во ЕУ.

Алијансата за Албанците е партија во опозиција. Досега беа во коалиција со Алтернатива, но лидерот на Алтернатива, Африм Гаши реши да се приклучи на владејачкото мнозинство.