Претседателот и премиерот на Хрватска во спор поради Хрватите во БиХ

претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ (Л) и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, Загреб, 16 јули 2020 година

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ги отфрли критиките на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој оцени дека Владата направила грешка со усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето, бидејќи во нив не се споменува конститутивноста на Хрватите во БиХ. „Заклучоците на Советот на ЕУ во делот поврзан со БиХ во целост содржат сѐ што е важно за Хрватите, а за нивно разбирање потребно е да се има одредено претходно знаење“, изјави Планковиќ во Брисел.

Еурактив: Членките на ЕУ едвај нашле заеднички јазик за проширувањето кон Западен Балкан

Претходно, во писмо до Пленковиќ, Милановиќ изрази противење и незадоволство од тоа што владата дала согласност за заклучоците на Советот на ЕУ за проширување и за процесот за стабилизација и асоцијација, бидејќи тие не ги гарантираат правата на Хрватите во БиХ како конститутивен народ. Министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман оцени дека говорот на Милановиќ е удар за власта и дека е штетен за хрватските национални интереси.