Новиот бугарскиот премиер Кирил Петков утре ќе го посети Брисел

Бугарскиот премиер Кирил Петков

Новиот бугарскиот премиер Кирил Петков утре ќе го посети Брисел со двајцата клучни министри за финансии Асен Василев и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Бугарската делегација ќе има состаноци во ЕК на највисоко ниво за да ги покаже своите први стратегии. Ова на почетокот на редовната владина седница го соопшти премиерот Кирил Петков. Тој и владината делегација предводена од него ќе се сретнат со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и со водечките еврокомесари.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на средбата владата го одобри ставот на Бугарија да учествува на состанокот на Европскиот совет што се одржува денеска, 16 декември 2021 година во Брисел.

Бугарија по правило на самитите на ЕУ ја претставува нејзиниот премиер. Претседателот по исклучок учествува кога со земјата управува преодна влада.