Средба Заев- Ахмети попладне во Влада

Али Ахмети и Зоран Заев

Попладне средба во Владата ќе одржат премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е коалиционен партнер во власта, потврдија за МИА од Владата.

Средбата е во рамки на серијата средби на премиерот Заев и на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски со владините коалициони партнери, а со цел консултации и размена на мислења околу програмата на новата Влада.

Средбата доаѓа по оставката на Зоран Заев од функцијата претседател на СДСМ и официјалното преземање на партијата од страна на новиот претседател на СДСМ, Ковачевски.

Ковачевски за лидер на СДСМ беше избран во неделата, а вчера и официјално ја презеде функцијата. По изборот Ковачевски, заедно со Заев почна серија средби со коалиционите партери во власта.