Европскиот парламент ќе гласа за резолуција со критики за словенечката влада

Сликата го прикажува официјалното лого на словенечкото претседателство со Европската унија

Европскиот парламент на денешната последна седница годинава треба да гласа за специјална резолуција за Словенија, предложена од група европратеници од левицата и левиот центар. Нацрт-резолуцијата ја критикува владата на словенечкиот премиер Јанез Јанша за притисок врз медиумите и независните институции и изразува загриженост поради тонот на политичката дебата и политичката поларизација што се интензивира пред парламентарните избори на 24 април.

Словенечката полиција ги истражува заканите кон премиерот Јанша и други политичари

Конкретно, предложената резолуција се однесува на фактот дека владата на Јанша го одложи со месеци и речиси до крајот на оваа година потврдувањето на двајца словенечки јавни обвинители во Европското јавно обвинителство и обновувањето на финансирањето на словенечката новинска агенција СТА што и го ускратуваше, вршејќи на тој начин притисок и врз други медиуми. Словенечките европратеници од политичкиот блок на Јанша сметаат дека иницијативите за критичката резолуција дошле од Словенија, во обид на левицата и центарот да ја соборат владата на Јанша.

ЕУ е загрижена за слободата на медиумите во Словенија

Словенечките медиуми наведуваат дека Европската народна партија смета дека резолуцијата не треба да се разгледува бидејќи владата на Јанша конечно го одобрила назначувањето на обвинителот, како и финансирањето на СТА. Јанша деновиве во парламентот изјави дека неговата влада е успешна и ги отфрли критиките на опозицијата дека работи на „демонтирање“ на владеењето на правото и оти владата не покажала многу во раководејќи го Советот на ЕУ.