Негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето ќе биде задолжителен за патниците од сите земји кои пристигнуваат во Грција. Според соопштението на грчкото министерство за здравство одлуката е во рамки на напорите за контрола на пандемијата на Ковид-19, а ќе стапи во сила во недела наутро.
Мерката важи за сите патници без разлика дали се вакцинирани или не и без разлика на кој начин пристигнуваат во Грција.