Нови 326 случаи на ковид, починати 8 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 242 пациенти, а починати се 8 лица: 3 починати лица од Скопје (77г, 83г и 100г), 2 починати лица од Прилеп (68г и 69г) и по едно починато лице од Велес (71г), Виница (57г) и Кратово (53г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

МАЛМЕД – Пандемијата ја зголеми употребата на антибиотици

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 лица, починати во период од 25.10-11.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (3), Тетово (2) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 50г до 80г. Од пријавените починати лица, 4 се починати во домашни, а две лица во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.509.665 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, бројот на оздравени пациенти е 206.903, на починати е 7.768, а бројот на активни случаи изнесува 5.498.