Вашингтон бара крај на репресијата во Белорусија

судењето на сопругот на белорускиот опозициски лидер Свјатлана Циханускаја

Шефот на американската дипломатија повика да се прекине „жешката репресија“ во Белорусија, откако беа изречени затворски казни за неколку опозиционери, вклучително и сопругот на белорускиот опозициски лидер Свјатлана Циханускаја. „Ниту едно од овие лица, ниту белорускиот народ, не заслужуваат да трпат таква тешка репресија“, се вели во изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Сопругот на лидерката на белоруската опозиција Цихановскаја осуден на 18 години казна затвор

Европската унија и Германија ја осудија вчрешната пресуда со која Сергеј Цихануски, сопругот на лидерката на опозицијата во егзил, беа осудени на 18 години затвор за организирање „масовни немири и поттикнување омраза во општеството“. Белорускиот суд осуди уште петмина опозициски активисти на затворски казни од 14 до 16 години.

Белорусија возврати на западните санкции, забранува увоз и од Македонија

Портпаролот на европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, изјави дека станува збор за „неосновани“ и „строги“ казни изречени за шестмина опозиционери и дека ЕУ подготвува нови санкции против Белорусија. Цихануски, 43-годишен видео блогер и активист, планираше да го предизвика авторитарниот претседател Александар Лукашенко на претседателските избори во август 2020 година. Тој беше познат по неговиот слоган против Лукашенко: „Стоп за лебарката“.