Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Маријано Гроси предупреди дека инспекторите на ОН не можат да му покажат на светот јасна слика за иранската нуклеарна програма поради ограничувањата што ги поставува Техеран. Во интервју за Асошиетед прес, Гроси рече дека му порачал на Техеран дека „нема шанси да се заобиколат“ инспекторите на МААЕ доколку Иран сака да биде „почитувана земја во заедницата на нациите“. „Ако меѓународната заедница преку нас, преку МААЕ, не гледа јасно колку центрифуги има Иран има или колкав капацитет може да има, она што го имате е многу заматена слика“, изјави Гроси.
Британија го моли Иран за сериозен пристап кон нуклеарните разговори
Шефот на атомската агенција на ОН во посета на Иран
Неодамна обновените виенски разговори за заживување на меѓународниот нуклеарен договор на Техеран и големите сили досега не дадоа опипливи резултати. Откако Соединетите Американски Држави се откажаа од нуклеарниот договор во 2018 година и повторно воведоа остри санкции кон Техеран, Иран почна да збогатува ураниум до ниво од 60 проценти чистота, од каде што е краток чекор до ниво од 90 проценти, доволен за нуклеарно оружје. Иранските резерви на збогатен ураниум значително растат надвор од рамките на договорот од 2015 година, со кој Техеран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на економските санкции. Техеран користи сѐ понапредни центрифуги кои исто така се забранети со договорот.