Британскиот специјален пратеник за Балканот во посета на БиХ

Специјалниот британски пратеник за Западен Балкан, Стјуарт Пич

Специјалниот британски пратеник за Западен Балкан, Стјуарт Пич денеска ќе ја посети Босна и Херцеговина, каде ќе се сретне со членовите на Претседателството, а се очекува да разговара и со други високи функционери.

Премиерот Борис Џонсон рече дека Пич во Босна и Херцеговина ќе продолжи да го поддржува високиот претставник Кристијан Шмит, за кого рече дека има целосна поддршка од Лондон.

Посетата на Пич е една од серијата посети на странски официјални претставници за посредување во клучните политички прашања во Босна и Херцеговина.

Неговата посета е речиси две недели откако британскиот премиер Џонсон го назначи за специјален пратеник. Тој беше избран за пратеник набргу откако поднесе оставка од функцијата претседател на Воениот комитет на НАТО на почетокот од оваа година.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас по состанокот со министрите од Западен Балкан синоќа во Лондон објави дека Британија ги засилува напорите за промовирање мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан