Денеска во македонскиот парламент продолжува расправата за буџетот за идната година. Тоа е четврти ден, а според предвиденото, пленарната седница треба да трае пет дена. Власта и опозицијата и на третиот ден од пленарната расправа со спротивставени погледи за највисокиот финансиски документ во државата. За власта Предлог-буџетот е развоен, а силната развојна компонента се темели на фактот што првпат капиталните инвестиции се поголеми од буџетскиот дефицит, додека опозицијата смета дека е мегаломански, неодржлив и не развоен.
Предлог на Буџетот пред новото парламентарно мнозинство
Опозицијата имаше забелешки и за делот на буџетот за зелен развој за кој посочија дека се предвидени 30 милиони евра за 2022 година, но нема програма како ќе се трошат тие средства. За годинава, како што посочија за оваа намена биле предвидени 685 милиони денари, но со одлука на Владата сите средства биле прераспределени и фактички за зелен развој во 2021 година не се потрошил ниту денар.