Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени се 1.211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаи на ковид-19. Од нив двоцифрена бројка има само во Скопје, односно 61 нов случај на ковид-19.
За истиот период регистрирани се осум починати лица на возраст од 55 до 86 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Во последното деноноќие регистрирани сe 265 оздравени пациенти.
Со ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.