Околу 400 жители во 14 села 14 села во Поречието во Македонски Брод веќе трет ден се без струја поради големите оштетувања на далноводот. Градоначалникот на Македонски брод, Жарко Ристески, вели дека чекаат информации од ЕВН кога ќе добијат струја.
„Од ЕВН ни велат дека екипите се на теренот и се надеваме дека наскоро ќе се отстранат проблемите. Станува збор за околу 400 жители и проблем е што станува збор за старечко население. Проверуваме каква е ситуацијата, досега немаат проблеми со храна, имаат резерви и се надеваме дека наскоро ќе добијат електрична енергија. Инаку, во Македонски Брод се 50 населени места и немаме завеани села“, изјави Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод.
Во саботата на 11 декември поради дефект на два далекуводи без струја останаа Охрид, Ресен, Дебар и околните места. Во текот на денот МЕПСО соопшти дека дефектите се отстранети. Причини за дефектите биле невремето и обилните снежи врнежи, тврди МЕПСО. Но повеќе села остана без струја и следниот ден.