Шведска почна спасувачка операција за две исчезнати лица, откако два товарни брода се судрија во густата магла во Балтичкото Море.
Брод од 55 метри, регистриран во Данска, се преврте меѓу данскиот остров Борнхолм и јужниот шведски град Истад, соопшти денеска Шведската поморска управа.
На бродот имало две лица кои се водат за исчезнати.
Другиот брод од несреќата е 90-метарски брод регистриран во Велика Британија. Бродот е во функција, а неговиот екипаж е безбеден.
Данскиот брод бил празен во моментот на судирот, а се уште е непознато што превезувал британскиот брод. Несреќата се случила ноќеска во 3:30 по локално време.
Причината за судирот е нејасна, но се шпекулира дека може да се должи на намалената видливост поради густата магла.
Според Данскиот метеоролошки институт, температурата на водата во областа е меѓу 4 и 6 степени целзиусови.
Данската им помага на шведските власти во спасувачката операција во која се вклучени и цивилни бродови.