Времето денеска: променливо облачно

Променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег. Дневната температура ќе биде од минус 2 до 6 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 4 степени.