Борисов нема да ја поддржи новата влада на Петков

Најголемата опозициска партија ГЕРБ в понеденик нема да го поддржи гласањето за новата влада во Собранието, изјави денеска лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов.

Борисов изјави дека владата во која е Бојко Рашков кој беше досегашниот технички министер за внатрешни работи и како што вели Борисов, мрачен шеф на комунистичката истражна служба и кандидат на БСП за државен обвинител, нема да добие поддршка од ГЕРБ во собраниската сала.

„Мене ме интересира како ќе владеат луѓето кои што изгубија избори, како лидерите на партиите кои пропаднаат на изборите ќе бидт вицепремиери и министри. Лидерите кои имаа најниски изборни резултати сега ќе владеа“ изјави Борисов.

Според Борисов новата влада може да донесе само катастрофа за Бугарија затоа што, како вели, е зависна и неспособна.

Петков- Бугарската позиција кон Северна Македонија останува таква каква што е, но ќе ја надградиме

Овие коментари Борисов ги даде на состанокот со младинската организација на ГЕРБ во планинското одморалиште Пампорово, откако новиот мандатар Кирил Петков денеска во Собранието го соопшти составот на новата влада. Петков во своето излагање истакна дека новата влада ќе се раководи под мотото „нула толеранција за корупција“.

„Корупцијата ќе ги обедини. Ова е моја прогноза во моментов. Оваа влада е тотално контролирана од Радев, целата власт е негова, му останува само ГЕРБ“ изјави Борисов.

Радев му го врачи мандатот на Петков

Сега, според Борисов, на ГЕРБ и е потребна идеологија повеќе од кога било. Според него, „основата на оваа партија се христијанските вредности и она што го вели Црквата“.