Најмалку 50 луѓе најверојатно загинаа во разорното торнадо што го зафати Кентаки и неколку другите американски држави во петокот навечер и рано утринава, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар. Тоа Бешеар го изјавил за локален медум посочувајќи дека е можно бројката значително да порасне во наредниве неколку часа.
„Извештаите од терен се потресителни“, изјави тој.
Најголeма штета е забележана во округот Грејвс во градот Мејфилд. Прогласена е вонредна состојба, а Националната гарда е ангажирана да помогне во санирањето на последиците од торнадото.
Торнадото што го погоди округот Грејвс е само едно од торнадата што во петокот вечерта го погодија централниот дел на САД. Најмалку 24 торнада се пријавени во Арканзас, Кентаки, Мисури и Тенеси.