Русија домаќин на мировен состанок за Јужен Кавказ

Нагорно-Карабах - Министерот за одбрана на Ерменија, Аршак Карапетијан (лево) ја посети армиската станица во Карабах, 6 ноември 2021 година.

Москва денеска ќе биде домаќин на инаугуративната средба на мировна платформа на Јужен Кавказ, идеја предложена од Турција и Азербејџан по минатогодишниот конфликт во Нагорно-Карабах, соопшти турското Министерство за надворешни работи. До ова доаѓа откако деновиве Азербејџан и Ерменија се обвинија меѓусебно за прекршување на примирјето долж нивната заедничка граница. По шест неделните борби во минатата година, Азербејџан и Ерменија потпишаа прекин на огнот со посредство на Русија за да се стави крај на конфликтот околу регионот кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но населен главно со етнички Ерменци. Прекинот на огнот доведе до територијални придобивки од Баку, кој беше поддржан од Турција.

Нови провокации на границата меѓу Азербејџан и Ерменија

Мировната платформа која ги вклучува Азербејџан, Ерменија, Грузија, Русија, Иран и Турција беше предложена од азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и турскиот претседател Таип Ердоган по прекинот на огнот. Анкара, која нема дипломатски врски со Ерменија, оцени дека платформата може да помогне во нормализирање на врските со Ереван.

Ерменија ја обвини Турција дека поставува нови услови за нормализација на односите

Ерменија и Турција потпишаа историски мировен договор во 2009 година за обновување на врските и отворање на нивната заедничка граница по децении, но договорот никогаш не беше ратификуван и врските останаа напнати. За време на конфликтот во Нагорно-Карабах, Анкара го обвини Ереван за окупација на азербејџански територии и обезбеди воена поддршка за Баку. Русија и Турција заеднички управуваат со центар за набљудување во Нагорно-Карабах за да обезбедат да се примирјето.