Европската комисија и словенечкото претседателство на Советот на ЕУ вечерва соопштија дека Хрватска е подготвена да влезе во Шенген.
„Министрите во рамките на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ усвоија заклучоци за исполнување на потребните услови за целосна апликација за критериумите за Шенген. Ова е важен ден и одлука која не доближи уште повеќе до исполнување на стратешката цел на хрватската влада за влез во Шенген зоната“, наведе дипломатското хрватско претставништво на Твитер.
Информацијата на прес конференција ја потврдија еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс.