Ескобар во посета на Тирана

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар денеска ќе престојува во официјална посета на Тирана, соопшти американската амбасада, наведувајќи: „Оваа негова прва посета на Албанија е со цел продлабочување на нашето блиско пријателство, засновано на заеднички демократски вредности. Ескобар ќе се сретне со премиерот Еди Рама, министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, претседателот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша и други лидери за да ја потврди непоколебливата поддршка на САД за демократијата на Албанија, интеграцијата во ЕУ, посилната одбранбена соработка и можностите за трговија и инвестиции“.

Ескобар: Работиме на што побрза евроинтеграција на Северна Македонија

Ескобар- Во БиХ нема да има војна

Во соопштението се додава и тоа дека „како што е наведено во извршната наредба на претседателот Бајден, Ескобар ќе разговара и за решеноста на Соединетите држави да се борат против корупцијата, неказнивоста и напорите за поткопување на демократијата на Западен Балкан“. Според медиумите посетата на Ескобар на Тирана се случува само два дена пред одржувањето на Националното Собрание на Демократската партија, свикано од Сали Бериша, на кое се очекува тој повторно да биде повторно избран за лидер, додека пак, актулениот лидер Баша, со кого Ескобар ќе се сретне, собрание свика за 18 декември. Бериша во мај годинава беше прогласен за персона нон грата од САД поради корупција.