Претседателот на Казахстан го потпиша законот за масовна амнестија

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев потпиша закон за масовна амнестија во чест на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјата. Централноазиската држава одбележува независност на 16 декември.

Според законот, потпишан од Токаев доцна на 7 декември, со законот за амнестија ќе бидат опфатени повеќе од 2.300 затвореници и над 11.000 луѓе кои се на условно.

Министерот за внатрешни работи, Ерлан Тургимбаев, минатиот месец, кога беше предложен законот, рече дека речиси 1.000 лица ќе бидат ослободени од казнено-поправните установи, а ќе им биде укинат и условниот отпуст на додека 3.800 лица.

Тургимбаев, исто така, тогаш рече дека казните на 1.294 затвореници и 7.392 лица на условен отпуст ќе бидат намалени и дека 5.000 нерешени кривични предмети ќе бидат затворени.

Според официјалната статистика, во 64-те затвори во Казахстан и во 16 притворски центри во моментов се наоѓаат повеќе од 34.000 затвореници.

Казахстан беше последната советска република која прогласи независност, на 16 декември 1991 година.