Олаф Шолц стана деветти канцелар на Германија откако денеска положи заклетва на кусата церемонија во претседателската палата во Берлин.
Тој ќе ја предводи централно-левата коалиција во најголемата економија во Европа по четирите мандати на досегашната канцеларка Ангела Меркел.
Шолц беше министер за финансии и вицеканцелар во владата на Меркел. Тој го предводеше Социјалдемократите до изненадувачка победа на изборите на 26 септември, со што по 16 години ги испрати Христијанските демократи на Меркел во опозиција. Меркел не се кандидираше за петти мандат.
Социјалдемократската партија на Шолц ќе ја предводи таканаречената „семафор коалиција“ со Зелените и пробизнис Слободните демократи, наречена така по партиските бои на коалиционите партнери.