Се урна хеликоптер со началникот на генералштабот на индиската војска

Началникот на генералштабот на индиската војска, генерал Бипин Рават

Хеликоптерот кој го превезувал началникот на генералштабот на индиската војска, генерал Бипин Рават се урна денеска во јужната индиска држава Тамил Наду, соопштија воздухопловните сили на земјата

„Хеликоптер Ми-17В5 на индиските воздухопловни сили со началникот на генералштабот на армијата, генерал Бипин Рават, денеска имаше несреќа во близина на Кунур, во државата Тамил Наду“, се наведува во пораката објавена на Твитер.

Воздухопловната команда не наведе дали Рават е повреден во несреќата. Индиската државна телевизија објави дека тројца повредени се пренесени во болница, пренесе АП.

Телевизиските снимки покажуваат хеликоптер во пламен, додека жителите се обидуваат да го изгаснат.