САД ветуваат поддршка за справување со хуманитарната криза во Авганистан

Делегацијата на САД која во Катар разговара со претставници на талибанците вети дека ќе продолжи да ги поддржува напорите на Обединетите нации за справување со хуманитарната криза во Авганистан, а истовремени и повика талибанците да ги заштитат човековите права, соопшти Стејт департментот.

Состанокот се одржа во Доха на 29 и 30 ноември. Ова беше втор круг на разговори меѓу двете страни откако тврдокорната исламистичка група ја собори меѓународно поддржаната влада во Кабул во август, што доведе до хаотичен крај на военото присуство предводено од САД во Авганистан по две децении војна.

Меѓународната заедница одби да ги признае новите лидери во Авганистан, а финансиските санкции и ненадејното повлекување на најголемиот дел од странската помош и развојната поддршка ја доведоа економијата на земјата во слободен пад. Дополнително резервите на авганистанската централна банка во странство се замрзнати.

Како резултат на тоа, Обединетите нации заклучија дека Авганистан е на работ на хуманитарна катастрофа, при што повеќе од половина од неговото население е изложено на ризик да нема доволно за јадење во текот на зимата.

Американската делегација во Доха беше предводена од специјалниот претставник за Авганистан Томас Вест, а делегацијата на талибанците ја предводеше привремениот министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки. САД. Во американскиот тим имаше и претставници од Стејт департментот, Министерството за финансии, Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) и претставници на разузнавачката заедница.

Двете страни разговарале за тоа одговор на хуманитарната криза. Делегацијата на САД вети дека ќе продолжи да ги поддржува напорите на ОН и хуманитарните организации за задоволување на потребите на авганистанскиот народ во текот на претстојната зима, наведе портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во соопштението.

Според портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки, делегацијата на талибанците повторно повикала да се ослободат милијарди долари замрзнати авганистански средства.
Претходно со претставниците на талибанците разговараше и делегација на ЕУ.