Јапонија ги затвори границите за странци поради новиот сој на коронавурус

Јапонија денеска повторно воведе строги ограничувања на границите со што им забрани на сите странци влез во земјата од 30 ноември, за да се заштити од новиот сој на коронавирусот, наречен омикрон, соопшти денеска јапонската влада. Новото затворање доаѓа на три недели откако владата ублажи одредени рестрикции и дозволи во земјата да доаѓаат луѓе кои се на службени патувања, студенти и работници. А Јапонците кои доаѓаа од југот на Африка треба да бидат во изолација, рече јапонскиот премиер Фумио Кишида, пренесува Франс прес.

Претходно и Израел се затвори за странци.

Претседателот на Јужна Африка Сирил Рамафоса, пак, ја осуди забраната за патување воведена кон неговата земја и нејзините соседи по појавата на новата варијанта на коронавиурусот. Тој вели дека е длабоко разочаран со акцијата, и според него тоа е неоправдано. Претседателот на Јужна Африка повика забраните итно да се укинат, пренесува Би Би Си.

Меѓу они кои воведоа забрана за патување се Велика Британија, ЕУ и САД.


Новата варијанта предизвика загриженост, оти првите докази сугерираат дека носи поголем ризик од реинфекции. Мутација на вирусот е откриена во Јужна Африка месецов, а потоа за тоа е пријавено во Светската здравствена организација (СЗО). СЗО сепак ги повикува земјите да не ги затвораат границите.