ЕУ предлага забрана на летовите од Јужна Африка по појавата на нова варијанта на коронавирусот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан.

Европската унија (ЕУ) има намера да го забрани авио-сообраќајот од регионот на Јужна Африка по појавата на нова варијанта на ковид-19, соопшти денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан.

„Комисијата во координација со државите членки ќе предложи да се активира итно запирање на авио-сообраќајот од јужноафриканскиот регион поради загриженоста од варијантата Б.1.1.529“, напиша фон дер Лајен на Твитер.

Новата варијанта е екстремно заразна со многу голем број мутации што може да му овозможат да избегне вакцини.

Светската здравствена организација претходно соопшти дека за денеска е закажан итен состанок за да се разговара што значи тоа за пандемијата и вакцините.