Одбиен предлогот на обвинителството за притвор за Јанакиевски

Миле Јанакиески на изрекување на пресудата за „Насилство во Центар“, Скопје, 28 септември 2020

Основниот суд Скопје 1 го одби како неоснован предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот Миле Јанакиески поврзан со настаните од 27 – ми април. според Кривичниот совет во судот во новиот предлог на Обвинителството не биле понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки.

„ Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот, а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот“, стои во соопштението од Кривичен.

Апелациониот суд, во четвртокот ја укина мерката куќен притвор на обвинетиот во повеќе судски предмети, Јанакиески, и ја замени со мерка претпазливост, по што, како што информираат од Основен Кривичен суд – Скопје, денеска, Обвинителството поднело предлогот за определување мерка притвор за предметот со поврзан со настаните од 27 – ми април. Јанакиески е обвинет во повеќе предмети, помеѓу кои „Т.Н.Т.“, „Титаник“, „Талир“, „Топлик“, „Траекторија“ и „Шпански скали“.