САД длабоко загрижени за изјавата на Радев дека Крим е руски

Мапа на Крим

САД се длабоко загрижени од неодамнешната изјава на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, во која тој Крим го прогласи за „руски“, се наведува во реакцијата на американската Амбасада во Бугарија, пренесува дописникот на МИА од Софија.

„САД, Г-7, Европската унија и НАТО отсекогаш биле јасни и единствени во ставот дека и покрај обидот на Русија да го припои и актуелната окупација, Крим е украински“, се наведувоа во соопштението на амбасадата.

Радев, кој на вчерашните избори повторно беше избран за претседател на Бугарија, за време на предизборна дебата за Крим изјави „во моментов е руски, каков и да е“.

„Сите, вклучително и Бугарија, на Самитот на Кримската платформа во август годинава изјавија дека Крим е составен дел на Украина и дека не ги признаваме и нема да ги признаеме обидите на Русија да ја легитимира илегалната окупација и окупација на полуостровот“, стои во соопштението на Амбасадата на САД во Бугарија.

Американската Амбасада во Бугарија во последните неколку дена ја изрази својата длабока загриженост пред бугарските власти, како во Вашингтон, така и во Софија.

Москва изврши нелегална анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година и предизвика конфликт во источна Украина. Како резултат на тоа односите на Русија со Западот сериозно се влошија.