Протести во Австрија против новите ковид мерки

Полицајци проверуваат ковид сертификати во Виена

Неколку илјади луѓе денеска излегоа на улиците на главниот град на Австрија за да протестираат против предложените нови ограничувања за спречување на ширењето на коронавирус во земјата. Полицијата процени дека на демонстрациите во Виена учествувале околу 7.000 луѓе.

Учесниците протестираа против карантинот, кое ќе стапи на сила на 22 ноември и законската обврска за вакцинирање, која ќе стапи на сила во февруари 2022 година, нарекувајќи ги присилни мерки.

Екстремно десничарската Партија на слободата повика на протести. Нејзиниот партиски лидер Херберт Кикл, кој моментално и самиот боледува од Ковид-19, не можеше да присуствува на протестот. Тој ги нарече новите мерки за Ковид-19 „диктатура“.