Шеесет и девет отсто од заразените со ковид биле невакцинирани

Шеесет и девет проценти од заразените со ковид и 80 отсто од починатите од ковид во период од период од 6 август до вчера, биле невакцинирани, соопшти Министерството за здравство.

Во посочениот период во државата се регистрирани 53.682 граѓани позитивни на ковид-19. Од нив, 16.702 лица, односно 31 отсто биле целосно вакцинирани, а, 36.980, граѓани, односно 69 отсто од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од моментално 534 хоспитализирани пациенти, 123 се целосно вакцинирани, стои во анализата на вакцинирани од позитивни случаи со ковид-19, што денеска ја објави Министерството за здравство.

Во период од 6 август до вчера на територија на државата од вкупниот број починати, 80 отсто биле невакцинирани, а 20 отсто од починатите примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.