Грчката Влада денеска им нареди на лекарите од приватниот сектор во пет региони во северниот дел на земјата да помогнат во јавното здравство кое се бори со зголемен број на инфицирани лица со ковид-19.
Грчката Влада претходно ги повика приватните лекари да помогнат откако грчките јавни болници и одделенијата за интензивна нега изминатите недели се преоптоварени со голем број новозаболени.
Наредбата на грчката Влада е во сила еден месец.
Грција вчера пријави 6.682 новозаболени и 87 смртни случаи, со што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 853.841 лица и 17.012 починати.
Во Грција се вакцинирани околу 61 проценти од 11-милионското население.