Укинат куќниот притвор на Миле Јанакиески

Архивска фотографија: Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески пред Кривичниот Суд во Скопје

Апелациониот суд Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје го достави решението со кое на обвинетиот во повеќе судски предмети Миле Јанакиески, му ја укинува мерката куќен притвор и му ја заменува со мерка претпазливост.

Апелациониот суд ја уважи жалбата на Јанакиески, кој е обвинет во случаите ТНТ, Титаник, Талир, Топлик, Траекторија и Шпански скали и му го укина куќниот притвор, но против него останува мерката претпазливост, односно забрана за напуштање на територијата на државата и Град Скопје, односно обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа.

Јанакиески е во притвор веќе три години, од кои над две години е во домашен притвор.