САД се подготвени да се спротивстават на обидите за поделба на БиХ

советникот во Стејт департментот Дерек Чолет

Соединетите држави внимателно ја следат политичката криза во БиХ и имаат алатки кои можат да ги користат против националистичките лидери кои се залагаат за поделби во земјата и кои сакаат да ја поделат, изјави советникот во Стејт департментот Дерек Чолет во интервју за АП. „Ако лидерите продолжат по патот на поделба, распаѓање, повлекување од централните институции, има алатки што ги имаме да го казниме таквото однесување“, додаде тој, споменувајќи ги можните санкции.

Тајмс - Западот подготвува санкции за лидерите на босанските Срби за да се избегне војна

Чолет кој е советник на американскиот државен секретар, завчера пристигна во БиХ на тридневни средби со политичките лидери во време кога земјата минува низ најтешката политичка криза од крајот на тригодишната војна со Дејтонскиот мировен договор во 1995 година. Тој вчера се сретна со тројцата членови на Претседателството на БиХ.

Вучиќ на средба со Додик - Србија го поддржува Дејтонскиот договор

Српскиот член на Претседателството Милорад Додик изјави дека му рекол на Колет оти Република Српска е посветена на политиката на мир и дека не е подготвена да спроведува активности што ќе го загрозат мирот и оти Република Српска нема никаков план за отцепување, како што некои се обидуваат да и припишат.