Северна Македонија ги исполни сите услови и од утре целосно воено ќе биде интегрирана во НАТО, изјави министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, наведувајќи дека со завршната интеграциска конференција на Северна Македонија и НАТО заврши „тест периодот“ за членство на нејзината земја во алијансата. Со оваа конференција и со денешното најавено потпишување на декларацијата на кое ќе присуствува и командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО генерал Филип Лавињ, Северна Македонија, ја заокружува воената интеграција во НАТО и станува рамноправна членка во сите воени делови на Алијансата.
Финална конференција на групата за воена интеграција на Северна Македонија во НАТО
НАТО ги усвои целите на способности за С.Македонија
Процесот на воена интеграција на Северна Македонија во НАТО започна пред две и пол години, кога беше поканета да се приклучи. Во март 2020 година, Северна Македонија стана полноправна членка на тој воено-политички сојуз. Според Шекеринска, развојот на Армијата на Северна Македонија продолжува и се планирани 22 проекта, од кои дел е завршен, дел е започнат, а дел ќе се реализира до 2028 година. Шекеринска прецизираше дека веќе се набавени нови инженерски машини, дека во тек е набавка на пешадиски возила за кои веќе е набавено ново оружје, дека се набавува нова опрема АБХО и нова балистичка заштита