Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството.
Педесет и шест отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во земјата е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.
Од денеска стартува правилото за влез во угостителски објекти, молови и на спортски, културни или друг вид настани да се прикажува сертификат за примени две дози вакцина или доказ за прележан ковид во последните 45 дена.