Финална конференција на групата за воена интеграција на Северна Македонија во НАТО

Македонската армија во НАТО

Министерството за одбрана и генералштабот на Армијата денеска ќе ја одржат финалната конференција на групата за воена интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. На конференцијата, воведни обраќања ќе имаат, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин и претседавачот на работната група за воена интеграција, полковникот Франческо Пачиљо.

НАТО ги усвои целите на способности за С.Македонија

Со финалната конференцијата се заокружува процесот на воено интегрирање на Северна Македонија во командните структури, како и структурата на силите на НАТО, кое, како што информираат од Министерството за одбрана, формално ќе се означи со потпишување на заедничката декларација која ќе се реализира на 16 ноември 2021 година, за која цел во текот на денот ќе пристигне и командантот на Врховната сојузничка командата на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ. „Завршувањето на процесот на воена интеграција во НАТО е доказ за посветеноста на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во исполнување на дадените цели кои се одвиваат преку трансформациските процеси во Mинистерството за одбрана и Армијата“, нагласуваат од МО.