Владата наименува повереници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа

Центар Жупа, илустрација

Поради немање цензус на локалните избори кои се одржаа на 17 октомври, во руралните општини Центар Жупа и Маврово- Ростуше не се избрани градоначалници, па Владата наименува повереници.

За општина Центар Жупа владин повереник е Арјан Ибраим, инаку досегашен градоначалник на општината. Тој на локалните избори имаше над илјада гласови повеќе од неговиот противкандидат Шаин Шакир, но поради големата миграција на населението, немаше цензус од една третина од вкупниот број на гласачи.

Владата наименува повереник и во општина Маврово- Ростуше, каде што исто така немаше цензус. Тоа е Медат Куртовски, досегашен градоначалчник на оваа општина. На локалните избори тој доби повеќе гласови од неговиот противкандидат Мевмед Џафери. И во оваа општина поради големата миграција на населението во земјите од ЕУ, немаше цензус од една третина од гласачите.

Инаку, во согласност со Законот, во првиот круг и во двете општини се избрани советниците. Во двете општини се конституирани советите кои имаат по 11 члена, во кои мнозинство имаат СДСМ и колицијата.