Нови 528 случаи на коронавирус, 13 починати

Илустрација

Во изминатото деноноќие се регистрирани 528 нови случаи на коронавирус, а 13 луѓе починале. Од нив седуммина во изминатите 24 часа, а шест луѓе починале од 27 октомври до 8 ноември, но се пријавени денеска.

Биле направени 4223 тестирања, информира Министерството за здравство.

Во Скопје се регистрирани 200 нови случаи, во Битола 53, Прилеп 42, Кавадарци 34, Велес 24, Кочани 22, Штип 19, Куманово 18, Охрид 13, Струмица и Гевгелија по 10, Крива Паланка и Пробиштип по 9, Кратово и Демир Хисар по 7, Тетово, Ресен и Валандово по 6, Гостивар и Неготино по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија по 2, и во Македонска Каменица, Дојран и Пехчево по еден нов случај.

Регистрирани се 327 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600.