Лончар – Вакцинацијата на пет-шест месеци ќе биде нова нормалност и реалност

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска во Ниш изјави дека, како што сега стојат работите, новата нормалност и реалност ќе биде таква што граѓаните ќе мораат да се вакцинираат против ковид-19 на секои пет-шест месеци во зависност од видот на вакцината.

„Тоа е еден од условите ако сакаме да ја држиме ситуацијата под контрола. На друг начин нема да можеме“, рече тој при посетата на Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Тој рече дека другиот услов за нормално функционирање се однесува на „безбедни работни места, безбедни кафулиња, ресторани, кина, стадиони“.

„Што значи безбедно? Тие луѓе да бидат вакцинирани или редовно да прават ПЦР или антигенски тест ако не сакаат да се вакцинираат“, наведе министерот.

Тој рече дека не се во право оние кои мислат дека државата ќе попушти во однос на мерките, затоа што би значело влегување од бран во бран на епидемијата.